06:41 - 12 март, 2026

(Фото) САД со потерница од 5 милиони долари бараат шведски криминалец со српско потекло

САД распишаа потерница од пет милиони долари за каква и да било информација што ќе води кон апсење на Максимилијан Ривкин, шведски меѓународен криминалец со српско потекло, соопшти Стејт департментот.

АД го обвнуваат Ривкин (39), кој се води под псевдонимите „Maximilan”, „Teamsters“, „Malmö”, „Microsoft” и „Max” како администратор и инфлуенсер на шифрирана комуникациска платформа употребувана од криминалците низ целиот свет за учество во разни злосторнички дела од декември 2020 до пролетта 2021 година.

-Неговите комуникации на платформата го вовлекуваат во неколку злосторнички активности вклучувајќи наводно учество во трговија со дрога, перење пари, заговори за убиство и други насилни чинови, изјави портпаролот Метју Милер.

Во потерницата се наведува дека шифрираниот комуникациски сервис за трговците со дрога бил тајно развиен од Федералното биро за истраги (ФБИ) и пуштен во употреба во 2018 година (но Ривкин не знаел за тоа). Со употреба на сервисот во меѓународни операции со повеќе полициски служби, ФБИ фатило над 800 криминалци при што биле запленети 38 тони дрога и 48 милиони долари во разни девизи.

Од Стејт департментот истакнуват дека понудата за награда е објавена заеднички со полициската служба на Шведска која го обвинила Ривкин за трговија со дрога и криумчарење.

Од федерална порота во Вашингтон тој на 28 мај беше обвинет за заговор со рекет и вклученост во трговија со дрога и перење пари.

-Оваа заедничка понуда за награда ги засилува напорите на САД да се наруши и oдврати меѓународниот криминал на глобално ниво и да се изгради коалиција за справување со заканите од синтетички дроги, изјави Милер.

Додаде дека меѓународниот организиран криминал и незаконската трговија со наркотици е закана за економскиот прогрес и предизвик за стабилноста на владите и општествата низ целиот свет.

-САД стојат со нашите сојузници против меѓународниот криминал и насилството поврзано со него насекаде низ светот.

Во потерницата по Ривкин се вели дека е државјанин на Шведска со српско потекло.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....