09:29 - 5 декември, 2025

(Фото) Руските богаташи збеснаа на луксузна забава со дрес код „Речиси голи“: Дијаманти, скапи пијалоци, „собир на Содома и Гомора“

Во средата вечерта, руската водителка и инфлуенсерка Настја Ивлеева организираше приватна забава која се одржа во клубот Мутабор во Москва. Кодексот на облекување на настанот беше Речиси гол, а го поддржаа мнозинството гости.

Во ВИП просторот на клубот се собраа ѕвезди од шоу бизнисот, познати блогери и други претставници на богатата руска општествена сцена. Меѓу нив: пејачката Лолита, пејачот Филип Киркоров, водителката и политичарка Ксенија Собчак, актерката и пејачка Наталија Јонова, актерот и пејач Дима Билан, блогерката и актерка Карина Нигаи, раперот Џиган и неговата партнерка, моделката Оксана Самоилова, новинарката Алена Водонаева, стилистот Викторија Салават, моделот Борис Махмуров, Александар Арутјунов, Гоша Карцев, блогерката Татјана Старикова, актерот Анар Калилов, водителот Алексеј Сухарев, стилистот Олег Горчанин, раперот Вацио, блогерот Саша Сулим и многу други. Сите овие, приватно, на своите сметки имаат „тешки“ пари.

Карина Нигаи, Настја Ивлеева, Ксенија Собчак, Наталија Јонова/Инстаграм

Гостите на забавата дошле разголени но со суперскапи детали на себе. Пејачката Лолита облече ултра скапи чорапи и проѕирна јакна, Ксенија Собчак носеше тесен проѕирен фустан, а организаторката на вечерта Настија Ивлеева ги воодушеви гостите со главниот детал од нејзиниот имиџ – ѓердан со дијаманти и смарагди вреден 23 милиони рубли. Меѓу ѕвездите на вечерта беа и раперот Васио, кој носеше само чорап од Баленсијага, стилистот Гоша Карцев и дизајнерот Олег Горчанин во горен дел од штрас.

Настија Ивлеева

Скапи пијачки, танцување, дружење налик на голема оргија, перверзните фотографии ги обиколија социјалните мреже, а бројни корисници се прашуваа дали ова навистина се случува додека Русија е во воен конфликт со Украина и на фронтовите гинат војници, а непоштедени се и цивилни жртви.

Некои оваа журка ја нарекоа собир на „Содома и Гомора“.

Џиган и Настја Ивлеева, инстаграм
Ксенија Собчак позната и како „кумчето на Путин“ и Вацио/Инстаграм
Пејачката Лолита во скапа долна облека, Инстаграм
Алена Водонаева и Викторија Салават/Инстаграм
Настја Ивлеева и Вацио/Инстаграм
Филип Киркоров и Настја Ивлеева, инстаграм

 

 

Слични објави

Мал сончев зрак води низ облачно небо: Лична приказна на Илина Арсова

msp-admin

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо

„Немам дeнар, не сум работела шест месеци“: Пејачката Мина Костиќ се „дави“ во проблеми

Еспресо
Се вчитува....