9.8 C
Скопје
19:23 - 24 февруари, 2026

(Фото) Рингишпил од стилови: Сите фустани на Џенифер Лопез за медениот месец во Париз

Се пресоблекува многупати – дури и за време на медениот месец во Париз – исто како што ги менуваше (до сега) сопрузите, би рекле најперфидните. Џенифер Лопез во престолнината на љубовта, покрај нејзиниот Бен Афлек, нè освојува и со очи – со рингишпил на удобни, но гламурозни стилски изгледи. Како совршена заљубена жена.

Очите и леќите на фотографите се фокусираа – како и секогаш, но можеби повеќе од кога било – на облеката на новата невеста во Париз, во прегратките на старо-новооткриената љубов на животот, Бен Афлек. Двајцата љубовници долетаа во престолнината на љубовта за да си дозволат неколку дена слобода подалеку од папараците, откако го кажаа нивното „да“минатата недела во Лас Вегас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Ја оставивме Џеј Ло насмеана меѓу чаршафите од креветот заеднички со нејзиниот нов сопруг, облечена само во прстенот, а ја наоѓаме во Париз во различни модни комбинации – од изглед на половина пат помеѓу Американец на одмор и поп ѕвезда. Но има и ноти на гламур, но сепак, со идеја за слобода и удобност.

Прво ја видовме во црн фустан со прерамки, многу едноставен, изложен под дождот на непредвидливата метропола. Во комбинација со едноставниот модел носеше црна чантичка и трендовски проѕирни чевли на висока платформа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JLO’s Closet Fanpage (@stylejlo)

Потоа, се појави во романтичен бел фустан со квадратно деколте и нжен цветен принт за крстарењето со брод на Сена, по нарачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JLO’s Closet Fanpage (@stylejlo)

Фустан со повеќе принт од цвеќиња си купи во бутикот Free’p’star, во асиметричен крој, од Оскар де ла Рента.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FREE’P’STAR (@freepstar_officiel)

А потоа, повторно, макси фустан во хипи фолк стил. 

Следуваше романтична прошетка и вечера, а Лопез носеше долг црвен фустан со женствено деколте во комвинација со еспадрили на висока потпетица и црвена чанта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A&E Magazine (@aeworld_mag)

За потоа да го прослави нејзиниот 53-ти роденден како што ја оставивме: односно прекрасно облечена само со нејзиниот шарм, во кадар што ни го подари неспоредливата Џеј Ло на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

За романтичната роденденска вечер пак, облече секси тесен црн долг фустан од Ресорт. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JLO’s Closet Fanpage (@stylejlo)

Слични објави

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.
Се вчитува....