07:30 - 25 февруари, 2026

(Фото) Прво појавување на Кејт Мидлтон во јавност по погребот на кралицата: сè уште носи црно во комбинација со бисери

Принцезата и принцот од Велс го направија своето прво официјално појавување во јавност по погребот на кралицата. Кејт Мидлтон ја задржа црната облека и бисерниот накит.

Кејт и Вилијам повеќе не се војвотката и војводата од Кембриџ. По смртта на кралицата Елизабета се отвори ново поглавје и за нив, кои се назначени за принцеза и принц на Велс. Вилијам титулата ја наследи од својот татко, новиот владетел – кралот Чарлс III. Кејт пак, е првата принцеза од Велс по Лејди Дијана: титулата остана празна по нејзината смрт, зашто Камила ја одбила од почит кон споменот на починатата.

Вилијам и Кејт отидоа во Виндзор Гилдхал за да се сретнат со волонтерите и оперативниот персонал кои служеа на погребот на кралицата Елизабета Втора. Настанот, веќе е познато, имаше епохално значење, а таквата организација немаше да биде возможна без непроценливата работа на персоналот и волонтерите, кои беа ангажирани од почетокот до крајот на церемонијата. Затоа, Кејт и Вилијам сакале лично да им се заблагодарат.

Во согласност со насоките на кралскиот кодекс на облекување во случај на жалост, Кејт ја задржа црната облека и за оваа прилика.  Од веста за смртта на кралицата до денес, таа се уште носи црна облека во јавноста. Така, модниот избор беше црно палто со нагласен струк и дворедни златни копчиња во комбинација со бисерни обетки. На лицето пак на новата принцеза, овојпат е забележлива насмевката.

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....