-4.2 C
Скопје
05:16 - 19 февруари, 2026

(Фото) Прво огласување на Ана Николиќ откако тајно се омажи за Рале: Поради нејзините зборови, многумина се во шок

Музичката ѕвезда Ана Николиќ и продуцентот Горан Ратковиќ Рале се заколнаа на вечна љубов! Тие наводно се венчале на Малдивите во текот на викендот.

Пејачката и продуцентот, како што пишува српски „Курир“, се венчале на една од најубавите песочни плажи на овој егзотичен остров, па овој одмор, кој следеше по нивното помирување по бурниот период што сега е зад нив, ќе им остане во вечно сеќавање.

Ана Николиќ не се огласуваше откако овие наводи стасаа до јавноста, а сега се појавија неколку објави на нејзиниот Инстаграм. Една од нив е оваа реченица:

– Велат дека во животот на секого му е дадено колку што може да поднесе. Додај, јас можам уште – се вели во објавата што се појави денеска на профилот на Ана Николиќ.

Инаку, овој чин бил планиран уште во август, но не се случил, бидејќи раскинале и го откажале патувањето.

– Ана и Рале требаше да отпатуваат на Малдивите кон крајот на август, но тоа патување не успеа, бидејќи таа го пријави за физичко насилство, поради што му беше изречена итна полициска мерка. Тие отседнале во еден од најлуксузните ресорти на островот, но се договориле дека Ана нема да објавува фотографии од одморот додека не се вратат. Секако, таа не можела да издржи и веднаш објавила неколку фотографии, што го изнервирало Рале. Сепак, не можете да го видите Рале на ниту една од фотографиите, бидејќи тој ја фотографирал Ана. Рале со себе имал и прстен за официјално да ја запроси, што таа веднаш го прифатила. Во последните неколку дена добро се согласувале, а потоа едно утро таа побара лаод Ратковиќ да се венчаат. Тој бил шокиран и ја прашал дали е сигурна. Таа рекла „да“ и дека веднаш ќе оди да се распраша што сè е потребно за да го изговорат судбоносното „да“ – рекол изворот за српски „Курир“.

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....