5.8 C
Скопје
07:34 - 1 април, 2026

(Фото) Први фотографии од свадбата на ќерката на Трамп: Американско-либанска веселба со 250 гости

Пристигнувањето на ураганот Никол во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, во четвртокот можеби ги прекина подготовките за свадбата на Тифани Трамп и Мајкл Булос, но церемонијата, која се одржа во 16:30 часот (по американско време) вчера (сабота) во клубот и приватната резиденција на поранешниот претседател Доналд Џ. Трамп, продолжи според планираното и покрај лошите временски услови неколку дена претходно.

Тони Брејс, либански планер за свадби и настани, познат по своите врвни продукции, беше ангажиран да ја реализира венчавката од соништата на парот.

инстаграм

29-годишната Трамп беше придружувана по патеката пред 250 гости од нејзиниот татко, г-дин Трамп. Невестата носеше фустан дизајниран од Ели Сааб.

Венчаницата всушност е инспирирана од грчка божица, а идејата на либанскиот дизајнер била да го претстави наследството на г-дин Булос. Да се потсетиме, станува збор за американско-либанска свадба.

Тифани Трамп и Мајкл Булос се запознале во 2018 година на одмор во Грција, во клубот Миконос на актерката Линдзи Лохан, пријателка на двете. Мајкл Булос, роден во 1997 година, е милионер со либанско потекло, син на магнатот Масад Булос. Од Тексас, каде што е роден, се преселил во Нигерија, каде што пораснал, а потоа студирал економија во Лондон. Официјалната веридба се случи во 2021 година, само еден ден пред заклетвата на Џо Бајден и збогувањето со Белата куќа на кланот Трамп.

Првите фотографии од свадбата ги објави Д Сан (погледнете ТУКА).

(Фото) Трамп ја омажи ќерката, Бајден ќе ја мажи внуката: Тифани Трамп и Наоми Бајден, двојна венчавка на две богати Американки

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....