12:04 - 3 април, 2026

(Фото) Преубавата Хурем стигна во Дубровник: Ужива со песна од „Црвена јабука“

Популарната турска актерка Мерием Узерли, која ја препознаваат по улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, се пофали со своите фотографии од Дубровник.

Узерли пристигна во Хрватска на роденденската забава на бизнисменот Мехмет Корутурк, а сподели и неколку фотографии направени по тој повод.

Интересно е што на својата Инстаграм „приказна“, покрај фотографијата, означила каде е и ја споделила песната „Мало чемо да се купамо“ од Црвена јабука.

Актерката сподели и роденденска торта со честитка: „Среќен роденден пријателе. Сакаме да ве славиме“, вели таа со објавата.

Актерката многумина ја сметаа за една од најубавите жени во Турција, а таа титула ја оправдува и сега.
Иако е активна на социјалните мрежи, таа го крие својот приватен живот од очите на јавноста. Познато е дека актерката има две ќерки – Лара, која ја има од врската со бизнисменот Кан Атес, додека втората ќерка Лили Кои ја доби на почетокот на 2020 година.

Мерием во изминатите години се посвети на мајчинството, оставајќи зад себе турбулентен период од животот.

 

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....