05:44 - 13 април, 2026

(Фото) Прекината телевизиската програма во пресрет на Евровизија: На екраните се појави порака

Поради настапот на израелската претставничка на Евровизија, пред почетокот на втората полуфинална вечер на натпреварот за најдобра песна на Европа, прекинато е емитувањето на програмата, а на елевизискиот екран се прикажа порака за поддршка на палестинскиот народ.

Синдикатот на белгискиот јавен сервис во четвртокот накусо ја прекинеаа програмата за време на почетокот на втората полуфинална вечер на Евровизија. Наместо програма, во етерот беше емитувана порака за поддршка на паестинскиот народ.

„Ова е синдикална акција. Го осудуваме кршењето на човечки права што ги прави Израел. Израел ја крши слободата на медиумте. На момент го прекинуваме емитувањето“, пишуваше во пораката на екранот.

„ЕБУ (Европската радиодифузна унија, организатор на Евровизија) за жал му дозволи на Израел да учествува и затоа решивме да го прекинеме емитувањето. Се надеваме дека ќе испратиме сигнал до израелската влада да ги прекине борбите и убиствата, да им дозволи на меѓународните набљудувачи и новинари да влезат во Газа и да седнат на маса за преговарачко решение“, објасни портпаролката на телевизијата, а пренесува Ле Соар.

(Фото) Масовни протести во Шведска поради Израел на Евровизија: Инцидент на пробата на претставничката Еден Голан

 

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....