6.8 C
Скопје
07:23 - 31 март, 2026

(Фото) Поранешните сопрузи на Карлеуша на исто место: Кариќ и Тошиќ очи в очи во центарот на Белград

Бизарна коинциденција откако Јелена Карлеуша само ден претходно јавно зборуваше за нив во телевизиско шоу.

На еден настан во Белград, неочекувано се појавија поранешниот фудбалер Душко Тошиќ и бизнисменот Бојан Кариќ, двајцата поранешни сопрузи на музичката ѕвезда Јелена Карлеуша. Средбата, иако без директен контакт, привлече големо медиумско внимание.

Прв во салата пристигнал Кариќ, видливо расположен и со насмевка на лицето. Набргу потоа, на настанот се појавил и Тошиќ, кој дошол без придружба, брзо поминал по црвениот тепих, кратко позирал пред фоторепортерите и се упатил кон внатрешноста.

Кариќ, според присутните, се држел на дистанца и најголем дел од времето го поминал во друштво на својата сестра Данијела и братот Симон. Меѓу гостите биле и пејачот Здравко Чолиќ, модната креаторка Маријана Матеус, како и имитаторката Билјана Ристиќ, заедно со бројни јавни личности.

Фотографиите можете да ги погледнете – ТУКА.

Интересно е што Карлеуша само ден претходно, гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“, зборуваше за своите поранешни партнери, без да насети дека тие ќе се најдат на исто место. Таа искрено изјави дека секоја врска ја доживеала со целосни емоции, нагласувајќи дека со Тошиќ има две ќерки и 17 години брак, а дека Кариќ бил човек кој искрено го сакала.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....