15:11 - 13 ноември, 2026

(Фото) Поранешниот на Александра Пријовиќ стана татко: „Секоја наша молитва беше упатена кон тебе синко“

Сопругата на пејачот Љуба Перучица, водителката Катарина Корозеус, се породила во текот на минатата ноќ и на свет донела машко дете, на кое парот му го дале името Алексеј.

Пејачот кој кариерата почна да ја гради со „Звезде Гранда“ на социјалната мрежа Инстаграм објави моменти од болница пред породувањето, а потоа ја објави и веста дека станал татко.

– Пишувам и бришам и не знам ни сам од каде да почнам, па најдобро е прво да ви пишам: Станав татко! Малку пред 3 часот наутро, на 9 ноември 2023 година, се роди мало, премало момче. Тој е остварување на секој наш сон, секоја желба и имагинација, секоја молитва кон милиот Бог! Секогаш кога ќе помисливме на желба, јас и таа помислувавме на истото. Не беше важно дали е роденден или новогодишна желба, или ако едниот од нас најдеше трепка на лицето на другиот (па моравме да ја одуваме за да видиме чија желба е посилна) или ако некој од нас видеше ѕвезда што паѓа или стрелките на часовникот се поклопуваа или која било друга банална работа, секогаш ги имавме истите мисли. Секоја наша молитва беше упатена кон тебе синко. Фала му на Бога за најголемиот подарок во животот – напиша гордиот тато и веднаш и се заблагодари на сопругата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljuba Perucica (@ljubaperucica)

– Сега, нејзиното височество, мое животче, херој, борец, сила, љубов, пријател, другар, мојата десна и лева рака, моето се! Ти благодарам животе што направи сè за да го донесеш ова наше чудо на светот. Ти и јас знаеме. Ти благодарам како никогаш досега! Морам да кажам дека ти се восхитувам! Ти благодарам бескрајно, фала му на Бога што те сочува за менепишува Перучица со постирана фотографија од мајката, односно неговата сопруга, и синот Алексеј.

Љуба цело време бил со сопругата, а во породилиштето ги снимал и моментите пред да започне самото породување.

Потсетуваме дека популарниот пејач Перучица беше во љубовна романса со Александра Пријовиќ пред да започне врска со Катарина, и Прија пред да влезе во љубовна романса со Филип Живоиновиќ.

– Имавме многу бивши љубови. Таа е некоја што е позната, па затоа се заинтересираа таблоидите. Но, генерално и со секоја бивша кога си нормален во главата, и кога таа личност е нормална во главата, секако дека ќе застанеш, ќе прашаш „еј, како си, што правиш, дали си добро.. .“ – вели Перучица, на новинарско прашање во какви односи е денес со Прија, пренесува српски Пинк.

Според неговите зборови, тој и Прија се во пристојни односи.

„Јас навистина ја ценам и почитувам. Се што било, се случило одамна и не сме се разделиле во кавга, сепак имаш некоја историја, вели Перучица.

(Фото) Пред Филип, Александра Пријовиќ била во врска со двајца познати пејачи: Едниот сè уште многу ја сака!

 

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....