23:53 - 6 април, 2026

(Фото) Поранешната љубовница на Кеба се мажи: Фатена во златарница како избира прстен, еве кој е идниот младоженец

Поранешната партнерка на српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба, текстописецот Љиљана Јевремовиќ, се чини дека конечно ја пронашла својата сродна душа.

Љиљана вчера била забележена во златарница во еден белградски трговски цента, пишува српски „Курир“.

Љиљана била видливо расположена, насмеана и опуштена, а во трговскиот центар таа не дошла тукутака, туку со посебна причина да го земе свршеничкиот прстен што ја чекал во една позната златарница.

Фотографиите можете да ги погледнете – ТУКА.

Идниот младоженец се занимава со приватен бизнис, кого го познава со години, а кој пред неколку месеци ѝ ги открил своите чувства.

Да потсетиме, со години наназад Љиљана беше тема на српската јавност не само поради нејзиниот успех на професионален план, туку и поради турбулентниот однос со нејзиниот поранешен партнер Драган Којиќ Кеба, со кого доби вонбрачна ќерка, Ина, кои со години ги полнеа рубриките во медиумите.

По сите подеми и падови, како и правни битки и разочарувања, Љиљана се повлече од јавноста и започна сосема поинаков живот. Денес, како што самата признава, живее во „илегала“, далеку од рефлекторите, камерите и естрадните интриги.

Наместо гламурот и естрадата, таа избрала и поинаков пат, па денес работи како продавачка и не крие дека ѝ годи таков живот, бидејќи ѝ носи стабилност и внатрешен мир.

Сега се чини дека среќата ѝ се насмевнала во љубовен план.

 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....