08:31 - 7 април, 2026

(Фото) Поминаа цели 23 години од оваа случка, Елена Ристеска ги сподели деталите

Поминаа цели 23 години од една важна случка од животот на Елена Ристеска, која пејачката ја сподели на нејзиниот инстаграм-профил.

Тоа е победата на шоуто „М2“, кога Елена ја викаа девојчето со чорапите поради имиџот. Таа тогаш  имаше само 16 години и ја испеа песната „Она другото“, првиот нејзин хит. Потоа, Елена стана една од најголемите ѕвезди во македонската поп музика и остана до денес.

Фото/ Инстаграм

– Жалам само што немам повеќе албуми и концерти во изминативе 20 години, а за иднината имам многу неостварени соништа. Допрва ќе ги остварам, досега речиси сите желби ми се оствариле, затоа што сум фокусирана на себе и својата работа, не се занимавам со туѓите приказни и кариери.

На приватен план да се вратам назад во минатото не би губела толку време со погрешни пријателства и партнерства. Бидејќи не сум си ја слушала интуицијата затоа сум им дала шанса на некои луѓе да влезат во мојот живот.

Од друга страна, да не биле тие искуства, немаше да си го намалам кругот на неколку најблиски луѓе што вредат. Преферирам квалитет, а не квантитет – рече Елена во едно претходно интервју за „Слободен печат“.

Фото / Инстаграм

 

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....