5.8 C
Скопје
07:05 - 1 април, 2026

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Хрватската пејачка и претприемачка Маја Шупут, позната и како најбогатата пејачка во регионот, е позната по својот екстравагантен изглед, облекување и стил на живот. Во тој стил таа секоја година го уредува и својот дом за Божиќ и Нова година.

Откако се роди синот Блум, Маја секоја година позирала со него за Божиќ и со својот поранешен сопруг Ненад. Таа објавувала фотографии на социјалните мрежи и им ги честитала празниците на своите следбеници.

Фотографиите покажуваат дека секоја празнична декорација го одзема здивот.

Нејзините новогодишни елки се секогаш приказна за себе – раскошни во секој случај, од снежни бајки до стара класика со црвени лампиони, панделки и ленти.

Не е потребно да се нагласи дека домот на Маја Шупут секогаш е декориран на најлуксузниот можен начин.

Шупут годинава сè уште не објавила како ја накитила елката и домот, па сите се во очекување на најзината домашна празнична бајка.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....