03:35 - 6 април, 2026

(Фото) Падна од сцената среде концерт: Слаткар ги објави деталите

На концертот на Слаткар и на Тони Зен минатата недела се случила незгода која Слаткар ја објави на социјалните мрежи. Падот од сцената среде пеење раперот детално го опиша на Инстаграм.

Станува збор за нивниот фотограф Кристијан Теодоров кој додека Слаткар ја пеел песната „Да полетам“, сакајќи да фати добар кадар, паднал од сцената.

Фото/ Инстаграм

На среќа, сѐ добро се завршило, а фотографот се вратил на сцената и продолжил да фотографира. Овој настан, Слаткар го објавил токму со песната „Да полетам“.

Фото/ Инстаграм

Инаку, Слаткар се расплака на својот голем хит „Да полетам“, додека ја пееше заедно со Калиопи на спектакуларниот концерт кој го одржаа заедно со Тони Зен, на 11 октомври во Арената „Борис Трајковски“.

Фото/ Инстаграм

Песната „Исти“, Слаткаристика и Тони Зен им ја посветија на жртвите во пожарот во Кочани кој се случи на 16 март и на нивните семејства.

Концертот заврши како што почна, со песната „Спушти се доле“, првиот поголем дуетски хит на Тони Зен и Слаткаристика, кој сега има нова, покултурна верзија. На сцената се појавија сите нивни маалски другари рапери, од приказната „Ново Лисиче будало“, која почна пред повеќе од 20 години и уште успешно трае, објави „Слободен печат“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....