08:44 - 15 декември, 2025

(Фото) Овие две боксерки се сензација во рингот, ама и на ОнлиФанс: Професионалки кои „уриваат“ сè пред себе, вклучително и интернетот!

Две убавици – австралиски боксери предизвикаа сензација не само во рингот, туку и надвор од него благодарение на фактот што и двете се фигури на социјалните мрежи и на платформата ОнлиФанс (OnlyFans), каде што имаат стотици илјади следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AVRIL (@avrilmathie)

Аврил Мети и Ебани Бриџис имаа успешен настап и планираат борба која сигурно ќе го „урне“ интернетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AVRIL (@avrilmathie)

Аврил е таа што сака да ја искористи популарноста на двете

Аврил (35) вчера се соочи со Рамла Али во Медисон Сквер Гарден и доколку излезеше како победничка како што сакаше (но не излезе), ќе требаше да се соочува со следниот противник -која би била токму Ебани. Но има време и за тоа, па наскоро верува дека двете „бомби“ ќе бидат заедно во рингот.

Мети има скор од 8-0-1 како професионалец и беше победник на Miss Swimsuit USA International во 2014 година и како и да е, има намера да се бори со шампионката на ИБФ во бантам категорија, Ебани „Blonde Bomber“ Бриџис.

„Мислам дека Ебани е многу паметна и ѝ симнувам капа. Ќе биде убиствена борба, многу сум возбудена поради тоа“, рече Мети, која уверува дека ако борбата се случи, ќе биде спектакуларна.

Од своја страна, Бриџис ги игнорира критиките. Иако има скор од 9-1 и е се подобра и подобра како боксер, таа беше критикувана за нејзиното присуство на Онли Фанс и Инстаграм.

„Луѓето кои сега не веруваат во мене или не се обожаватели се истите луѓе кои не веруваат во Флојд Мејведер. Колку повисоко одиш… Колку повисоко достигнуваш, толку повеќе фанови имаш, и толку повеќе хејтери имаш. Отсекогаш сум била верна на себе“, објасни таа.

 

 

Слични објави

(Фото) Голема промена кај Весна Бејби по 20 години, а покажа и каква е кога ќе стане од спиење

msp-admin

Хороскоп за 15 декември: Девиците ќе доживеат кулминација, Јарците ќе ги истакнат своите квалитети

Еспресо

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо
Се вчитува....