7.8 C
Скопје
08:10 - 2 април, 2026

(Фото) Оваа убавица во прегратка со Александра Пријовиќ не е жена: Се вика Божидар

Станува збор за хрватски фризер, а од неодамна и пејач кој соработува со познати Хрватки.

Завчера, на 4 декември, Александра Пријовиќ го одржа четвртиот по ред концерт во Загребската арена, а по одличната ноќ во бекстејџот ја пречекаа поединци кои сакаа да се фотографираат со неа.

Една фотографија стана хит на мрежите, а станува збор за навидум исклучително атрактивна бринета која позира со Александра.

Меѓутоа, не се работи за девојка, туку за маж, Божидар Павлиќ, познат и како Божо Краљ. Тој е хрватски фризер и од неодамна пејач кој соработува со познати Хрватки како дизајнерката Матија Вуица, пејачката Хана Машиќ и манекенката Тина Мустапиќ.

Тој еднаш изјави дека повеќето од луѓето кои го контактираат се оженети мажи.

– Не знам што ги пали толку многу кај мене, но најмногу ме контактираат оженети мажи, сонуваат за ноќ помината со мене, можам да заклучам дека тоа е поради мојот атрактивен изглед, но искрено ми е жал за нивните жени – рече Божидар, шишува Утрински лист.

Пред повеќе од една година тој призна дека е во врска веќе една деценија, дека се складен пар и дека токму партнерот и семејството му се најголема поддршка.

Божидар се чувствува како маж, но негува женствен изглед.

– Тоа е затоа што ми се допаѓа андрогиниот изглед, сакам негувана кожа и коса, сакам шминка, мислам дека сето тоа е дел од животот и дека не треба да има никакви предрасуди кон тоа затоа што облеката и целата козметика може апсолутно да бидат унисекс. Јас сум човек од иднината – рече тој на оваа тема.

На прашањето дали му се случува некој некогаш да го замени со жена и како реагира, тој рече:

– Се разбира, често ме мешаат со жена во клубовите, на пример. Тогаш им велам дека сум момче и се е во ред, дури ми велат: „цар си“ или ќе ме почестат со пијачка. Јас всушност никогаш не сум имал непријатно искуство во таа ситуација. Веќе се навикнав. Единствено сите ме прашуваат како да ми се обратат, во женски или машки род, јас секогаш им велам во машки бидејќи сум машко и толку. Никогаш не сум размислувал за промена на полот и одлично се чувствувам во своја кожа, вели Божидар.

 

Слични објави

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.
Се вчитува....