11:21 - 13 ноември, 2026

(Фото) Оваа убавица е ќерката на Олгица Христовска, посебна радост за Каја

Преубава девојка е ќерката на Олгица Христовска- Кошутиќ и нејзиниот сопруг, Дејан Кошутиќ која има посебна причина за радост.

Олгица како што е познато ја испеа безвремнската песна „Свирете ја зајди зајди“ со која победи на фестивалот „Макфест“ во 1992 година, песна која ја напиша Драган Вучиќ.

Во чест на Вучиќ кој почина на 4 мај во 2020 од ковид, се сними нова верзија на овој хит кој го испеа Олгица, заедно со група музичари кои беа негои пријатели.

Таа се врати на „Макфест“ лани во октомври по повод 40 години од овој фестивал и на сцената на Дом на култура „Ацо Шопов“ во Штип ја испеа токму оваа песна.

Слика од убавата Каја објави Калиопи, која е блиска пријателка со Олгица Христовска, а убавиот повод е нејзиниот 16 роденден. Во 2021 година, Калиопи и Олгица Христовска поминаа заеднички викенд во Битола, па Калиопи објави нивна заедничка слика од Широк сокак до која напиша:

-Битола ноќе, со мојата Олгица. Луѓето секогаш влегуваат во твојот живот со некоја причина. Но само тие што влегуваат со вистинската причина и кои најискрено ти ги кажуваат работите што не сакаш да ги слушнеш, а ризикуваат да те загубат поради тоа, само тие остануваат во твојот живот засекогаш. Е тие луѓе ги нарекувам пријатели… се извинувам, нив ги викам семејство- напиша Калиопи.

Олгица Христовска и Калиопи Фото/Инстаграм

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....