9.8 C
Скопје
22:12 - 19 февруари, 2026

(Фото) Ова се двете претходни сопруги на Огњен Амиџиќ, Мина е трета среќа

Популарниот водител Огњен Амиџиќ потврди дека стапил во брак со колешката Мина.

Тој се огласи за медиумите и откри дека сакале се да помине без бука и тој чин да остане само за нив.

„Вистина е, се венчавме. Сакавме тоа да биде без бука и тој чин да остане само за нас. Ние веќе го живеевме бракот, сега е само на лист хартија. Сакав Мина да се презива како мене и сега го носи моето презиме, а тоа што на инстаграм го ставила своето – тоа ве лаже, да знаете“, се насмеа водителот.

Овој брак е трета среќа за Огњен. Пред Мина тој беше во брак до убавицата Данијела Димитровска, манекенка со која се запознал додека гостувала кај него во емисија. Се запознале во 2009 а се венчале во 2012 и добија син.

По десет години брак соопштија дека се разведуваат но напоменаа дека остануваат во добри односи.

Пред да стапи во врска со Данијела, Огњен беше во брак со колешката Милица Марковиќ од која се разведе во 2010. Милица работеше на телевизија, во информативна емисија, а по разводот таа се повлече од медиумите, а пред извесно време се појави во јавност како ПР експерт. За водителот се омажи во 2006 година, а правеа и црковно и граѓанско венчавање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Studio Prostor (@studioprostor)

Парот се запознал и се заљубил на телевизија, биле во брак четири години, а интересно е што иако тој во неколку наврати се обидел да се ожени со неа, на крајот таа го запросила.

– Бев на турнеја со „Фламингоси“ и Милица ми испрати веренички прстен што сама го избра и го купи. Сè што требаше да направам е да ѝ го предадам свечено кога се вратив. Пред тоа неколку пати ѝ реков дека би сакал да се омажи за мене. Инспирација за ова најчесто ми доаѓаше за време на вечерите. Таа готви шпагети и свечено ја поставува масата, а штом седнам почнувам да ја опсипувам со изјави за љубов. Сепак, конечно таа го направи одлучувачкиот потег, рече своевремено Огњен.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....