4.8 C
Скопје
07:56 - 27 октомври, 2026

(Фото) Ова е најавата на новата песна на Шакира, а „протече“ и еден стих: Дали и колку ќе го направи лом Пике со „Празна чаша“

Се чини невозможно, но Шакира ќе се обиде повторно. По светскиот успех на „Session 53“ на Шакира со Бизарап, сега се откриени детали за слената песна на Шакира во соработка со колумбискиот пејач и текстописец Мануел Туризо.

Новата песна на Шакира се вика „Copa vacia“, или во превод празна чаша, а на фотографијата таа се појавува со опашка од сирена и розова коса. Фотографијата е веќе објавена на Твитер профилот Шакира Медиа.

Големото прашање е дали и оваа песна ќе биде упатена на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике и неговата нова девојка Клара Чиа.

Само неколку стихови излегоа на виделина и вистината е дека тие секунди покажуваат дефинитивно сензуална лирика, далеку од она што Шакира го објави минатата година, откако се појави веста за неверството на поранешниот фудбалер и последователниот развод.

„Веќе некое време сум жедна за тебе, не знам зошто. Сакав повеќе, сакав да пијам од празна чаша“, гласи стихот.

Песната требаше да излезе – како што беше најавено – на втори февруари, на роденденот на Шакира и Пике (родени се во ист ден), но поради одредени причини објавувањето беше одложено.

Сега, може да ја очекуваме до крајот на месецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....