18:21 - 11 ноември, 2026

(Фото) „Ова е многу дрско!“: Јелена Карлеуша ги прозва Бресквица и Теја Дора за копирање

Јелена Карлеуша се огласи во екот на гласините дека Теодора Павловска, попозната како Теја Дора, новата претставничка на Србија на претстојниот Избор за песна на Евровизија, ја ископирала, но не само таа, туку Јелена е ископирана во сценскиот настап и од второпласираната Анѓела Игњатовиќ Бресквица.

Своите зборови Јелена ги поткрепи со фото-доказ дека настапите на нејзините помлади колешки од естрадата се прилично слични на нејзините кои веќе ги имала, па порача:

принтскрин, инстаграм

„Мојата земја, земјата која најмногу ја сакам, која со гордост ја истакнувам секаде низ светот, земјата која ја нарекувам мајка Србија, секогаш ме третирала како опасност, ги затвора очите пред мојот успех, ја негира мојата работа, талент, ме оспорувала, ме спречувала, го забранувала секој мој обид да дигнам глава. Мојата земја, на која сум ѝ пружила со децении крвав труд и работа, секогаш ми била маќеа. Мојата земја на која копиите и се подобри од мене, никогаш не ми пружила ни рака ни шанса. Никогаш не сум добила ни збор пофалба, линчот е се за што знам. Мојата земја, која безброј пати ми го скршила срцето, беше и остана моја желба“, напиша Карлеуша и додава:

принтскрин, инстаграм

„Но полесно ќе го освојам целиот свет отколку студеното срце на мојата земја – продолжува Карлеуша – и додава дека нејзиниот тим и тоа како има причина за гордост, зашто „нвината работа, секој сегмент од работата, дрско се копира и кај нас и во светот без официјално признание и пофалба“.

„Но се тоа еден ден ќе биде какошто треба…“, заклучува Јелена Карлеуша, предизвикувајќи бројни реакции кај своите следбеници на Инстаграм.

(Фото) Карлеуша ја ископира сопругата на Канје Вест: Плаче за внимание

Слични објави

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.
Се вчитува....