6.8 C
Скопје
07:39 - 31 март, 2026

(Фото) Ова е фаталната Босанка која тврди дека водела љубов со Дејвид Бекам: Сексот траеше 15 минути

Нетфликс пред неколку дена премиерно го прикажа документарниот филм за поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, неговиот живот и кариера, наречен „Бекам“. Она што привлече најмногу внимание во филмот е кога Викторија и Дејвид Бекам зборуваа за нивниот тежок период – односно кога медиумите пишуваа за неговата афера со неговата асистентка Ребека Лус.

Станува збор за времето кога Дејвид играше во Шпанија, во текот на 2003 година. Викторија изјави во документарецот дека ова ѝ бил најтешкиот период во животот, додека Дејвид рече не останал имун на бројните натписи во весниците.

Сепак, ова не е единствената афера која му се припишува на славниот фудбалер. Имено, како што објавија повеќе странски медиуми, бракот на Бекам бил во криза и пред 16 години, а тоа било поради една Босанка.

Имаше дури и гласини за развод во тоа време, но Дејвид и Викторија сепак останаа заедно. Имено, во 2007 година, жена со босанско потекло Ирма Ници (вистинско презиме Незировиќ) за списанието „In Touch“ изјавила дека е интимна со фудбалер.

„Водевме љубов 15 минути. На скала од еден до десет, како љубовник би му дала оценка 7,5“, рекла тогаш таа, пренесува Story.hr.

Бекам демантираше се, а потоа го тужеше споменатото списание. Тој до судот достави детален исказ на пет страници. Според неговото објаснување, на спорниот ден тој закажал масажа во својата хотелска соба веднаш по слетувањето во Њујорк, како што тоа обично го прави пред важен натпревар.

-Неколку часа откако се пријавив на рецепција, масерката дојде во мојата хотелска соба да ми направи масажа. Се сеќавам дека терапевтката не ја напушти мојата хотелска соба до раните утрински часови. Моето обезбедување беше со мене пред, за време и по масажата. Откако си замина, отидов да спијам. Ги разгледав изјавите на мојата безбедносна служба кои ги потврдуваат моите сеќавања – изјави тој.

Тој, исто така, негираше дека на Ници и на уште една девојка им платил 6.000 долари за интимни односи.

– Не носам илјадници долари во кеш кога патувам. Единствениот начин на кој можев да добијам 10.000 долари во готовина беше да ги добијам од мојот менаџерски тим. Не барав ниту еден член од мојот менаџерски тим да ми обезбеди илјадници долари во готово кога бев во Њујорк во август 2007 година – тврдеше тој.

Бекам го тужеше In Touch за 25 милиони долари за наводна клевета, но го загуби случајот.

Списанието подоцна објави дека тврдењата се лажни, но нагласи дека Ници има право на слободен говор според Уставот на САД.

Поранешната љубовница на Дејвид Бекам го прекина молкот по објавувањето на документарецот за фудбалерот

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....