0.8 C
Скопје
11:05 - 23 декември, 2024

(Фото) Отворањето на Олимпијадата беше незаборавно шоу: Бродска флота, ѕвона на Нотр Дам и гледачи под дожд

Вчера, на 26 јули, гледачите, официјалните лица и спортистите беа воодушевени од свеченото отворање на Олимписките игри 2024 година во Париз, кое организаторите успеаја да го претворат во незаборавно шоу, пишува Си-Ен-Ен.

Бродската флота предизвика особено восхит. Првиот брод излезе од под Понт д’Аустерлиц за да ја започне големата парада покрај реката Сена. Според традицијата, честа да ја предводи флотата ѝ припадна на грчката делегација, колевката на олимписките игри.  Илјадници учесници во флотата  од 85 бродови пловеа минувајќи под историските мостови и легендарните историски знаменитости како катедралата Нотр Дам и Лувр. На крајот од патувањето, тие пристигнаа на Трокадеро – спроти Ајфеловата кула – каде што се одржаа протоколарните настани за отворањето на Олимпијадата во 2024 година.

За време на церемонијата, француската оперска пејачка, мецосопран Аксел Сен Сирел застана на покривот на Гран-пале и ја изведе La Marseillaise, француската национална химна. Сен Сирел беше облечена во бел фустан и држеше големо француско знаме. Гран-пале (Големата палата) е историска локација лоцирана во близина на Елисејските полиња во Париз, која беше подложена на обемни реставраторски работи специјално за овогодинешните Олимписки игри.

Камбаните на Нотр Дам заѕвонија за прв пат откако познатата катедрала беше уништена од пожар за време на церемонијата на отворање на Олимпијадата во 2024 година. Работите за реставрација се во тек откако пожарот во април 2019 година уништи голем дел од историската зграда. Ѕвоната почнаа да ѕвонат за гледачите кога почна да се свири песната „Do You Hear The People Sing?“.

На церемонијата на отворањето на Олимпијадата беа прикажани и сцени од Француската револуција, проследено со снимка од егзекутирање на Марија Антоанета на гилотина во Консиержеријата, местото каде што била затворена последната француска кралица пред револуцијата.

Бендовите поставени на балкони и прозорци низ зградата свиреа хард рок додека огнените пламени се издигнаа во воздухот. Потоа од прозорците во исто време пукнаа црвени ленти, кои наликуваа на крв што тече во Сена.

Тоа беше прекрасна глетка. Франција на тој начин покажа дека ја слави традицијата на слободата, основно право запишано во францускиот Устав по револуцијата.

Организаторите, секако, сметаа на подобро време, но таа вечер во Париз врнеше дожд. На трибините на Трокадеро, комплекс од спротивната страна на Сена од Ајфеловата кула, се собра толпа да ја гледа Парадата на народите на четири огромни екрани. Официјални лица и делегати беа присутни и секоја земја доби топло добредојде откако беше претставена во јавноста. И покрај дождот, гледачите беа расположени: беа засолнати под чадори и под предвидените проѕирни дождовни наметки кои бесплатно се делеа.

Да потсетиме, на 26 јули најпопуларната пејачка во Франција настапи на свеченото отворање на Олимпијадата во 2024 година. Аја Накамура го подигна расположението на публиката со својата огнена песна и ритмичко танцување. Политичарите неодамна ја обвинија дека е „вулгарна“ и дека не го почитува францускиот јазик.

Пари ќе им течат како река: Два хороскопски знаци ќе се збогатат до крајот на годината

 

 

 

 

 

Слични објави

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо
Се вчитува....