15:20 - 11 април, 2025

(Фото) Обожавателите на Анџелина Џоли се загрижени за нејзиното здравје по новите фотографии: „Ѝ треба помош“

Обожавателите на Анџелина Џоли се загрижени за здравјето на актерката откако на интернет се појавија нови нејзини фотографии. Коментарите и фотографиите беа објавени на веб-страницата Дејли Меил.

49-годишната Анџелина Џоли беше „уловена“ од папараците на 19 октомври во Лондон. Актерката е фотографирана во близина на хотелот Хам Јард. Славната личност излезе во јавност во проѕирна бела блуза, над која облече темно сива наметка во комбинација со црни чизми.

Иако редакцијата на Дејли меил напиша дека изгледа елегантно, фановите на актерката не се согласуваат со тоа.

Читателите на Дејли Меил пишуваат дека актерката изгледа болно.

„Не се обидувам да бидам груб, но дали е болна? Или има многу активен метаболизам, што и го отежнува зголемувањето на килограмите и мускулите? Искрено се надевам дека е добро бидејќи нејзиното лице во последно време изгледа навистина слабо!“ „Очигледно цел живот се бори со анорексија. Тажно. Изгледа дека ѝ е потребна помош“, гласат само дел од бројните коментари на интернет корисниците.

Фотографиите погледнете ги – ТУКА. 

 

Слични објави

Познат продуцент призна: Шест месеци бев со Јелена Карлеуша!

Еспресо

Нада Топчагиќ ги избегнува медиумите, а сега откри зошто: Не смеам да умрам на маса

Еспресо

Уапсен е Миле Кекин, фронтменот на „Хладно пиво“

Еспресо

Најголемиот хит на Миле Китиќ: Песната „Кралица тротоара“ била наменета за друг пејач!

Еспресо

Синот на Драгана Мирковиќ ги покажа мускулите: „Може да ме видите само во црква и во вежбална“

Еспресо

(Фото) Стоела среде мост оскудно облечена: Наташа Беквалац изненади со чудната објава!

Еспресо