2.8 C
Скопје
00:48 - 13 март, 2026

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Домот на Тамара Тодевска деновиве беше исполнет со детска смеа, музика и празнична магија. Нејзиниот син Дарен, кој пред неколку дена наполни седум години, го прослави роденденот со домашна забава во вистинска новогодишна атмосфера, а моментите од прославата пејачката ги сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Роденденската забава беше уредена во зимски стил, со Дедо Мраз како главен гостин, снежна приказна и весели другарчиња кои уживаа во секој момент.

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

На видеата и фотографиите што ги објави пејачката, Дарен безгрижно се забавува со гостите, а во еден од највпечатливите моменти сите заедно ја пеат песната „Кога заоѓа сонцето“, додека Дедо Мраз им свири и ја дополнува магичната атмосфера.

Меѓу гостите беше и ќеркичката на Катарина ИвановскаКира, со која Дарен позираше насмеан, а фотографијата дополнително ги разнежни следбениците на Тодевска.

Кира и Дарен / Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

Неколку дена претходно, пејачката јавно му го честиташе роденденот на својот син со торта, емотивно видео и порака полна љубов.

„Сине, среќен седми роденден. Од првиот здив знаев дека ти си моето срце надвор од мене. Со тебе љубовта доби ново значење, а секој ден е полн со светлина. Биди среќен и здрав. Нека светот ти ги отвори сите врвови.

Дарен, те сакаме бескрајно.

Мама, Хана и Лука“, напиша пејачката.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....