12:10 - 13 ноември, 2026

(Фото) Новинарката Александра Спировска никогаш позгодна – поранешната сопруга на Пере од „Нокаут“ ужива во Ксамил

Новинарката Александра Спировска деновиве престојува на летен одмор во Ксамил, Албанија, каде што времето го минува со сопругот, кошаркарот Милан Димитриески, и со својот син од претходниот брак.

Од туристичкото место на брегот на Јонското Море, Спировска сподели повеќе фотографии на социјалните мрежи, на кои се гледа како ужива во тиркизната вода, плажите и зајдисонцата.

Фото: Инстаграм/Александра Спировска

Нејзиниот летен изглед го надополни со впечатливи долги плетенки, а на фотографиите позира во црн костим за капење.

Ксамил и ова лето е една од најпопуларните дестинации во регионот, познат по кристално чистото море и малите песочни плажи, а токму него Александра и Милан го избраа за својот летен одмор.

Фото: Инстаграм/Александра Спировска

Спировска зад себе има три брака. Од бракот со Пере, член на групата „Нокаут“, ги има ќерките Миа и Каја, додека од вториот брак го има синот Вилен.

Таа и Милан Димитриески се свршија кон крајот на 2022 година, а својата љубов ја крунисаа со црковна венчавка и свадбена прослава во февруари 2025 година.

Фото: Инстаграм/Александра Спировска
Фото: Инстаграм/Александра Спировска
Фото: Инстаграм/Александра Спировска

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....