15:04 - 6 април, 2026

(Фото) Новата објава на Дарко Лазиќ ги запали социјалните мрежи: Никогаш не сте го виделе во вакво издание! 

Дарко Лазиќ ги изненади следбениците на Инстаграм со фотографија на која се појавува со долга, кадрава коса – нешто што никој досега не го видел кај него.

Пејачот бил на приватна прослава заедно со сопругата Катарина, а друштво им правеле и неговата поранешна сопруга Ана Севиќ со својот сопруг Даниел Неделковиќ. Веселата и опуштена атмосфера придонела за добра забава, а потоа и за необична објава на социјалните мрежи.

На фотографијата што ја објави, Дарко се појавува со долга кадрава перика – на прв поглед многумина се шокираа, но брзо стана јасно дека се работи за шега. Иако пејачот сè уште не пуштил вистинска долга коса, дел од обожавателите му порачаа дека ваквиот изглед не му стои лошо и дека би можел да размисли за промена на имиџот.

Лазиќ беше одлично расположен целата вечер, а во еден момент дури и запеа прегрнат со својата поранешна сопруга. Снимката ја сподели на Инстаграм со шеговит коментар: „Готов сум“, при што покрај Ана Севиќ ја означи и својата сопруга Каќа.

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....