3.8 C
Скопје
21:06 - 26 февруари, 2026

(Фото) Носталгична приказна од Сузана Спасовска со ќерка ѝ Теона

Носталгична фотографија од Сузана Спасовска се појави на социјалните мрежи. Сликата е многу стара, но многу вредна.

На неа е Сузе национале со својата ќерка Теона, кога била многу мала, на насловната страница на тогашната ревија „Екран“. Сузана е со својот препознатлив оригинален имиџ, а Теона со кукла во рацете.

На 30 септември во 2020 година Сузана Спасовска која е првенка во ансамблот „Танец“ стана баба. Нејзината ќерка на свет ја донесе малечката Клара.

Среќната баба на својот фејсбук профил ја објави нејзината песна „Среќо мајкина“ и со песна ја сподели радосната вест и напиша:

„Дар Божји за родителите и радост голема! На 30ти Септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, благословена, среќна, насмеана и распеана. Ти благодарам Боже!“. Клара наскоро ќе полни 5 години, а се роди на празникот Вера, Надеж и Љубов.

Сузана Спасовска на насловната страница на ревијата „Екран“ со ќерката во 1997 година Фото/ Фејсбук

Слични објави

„Ќерките се селат и се мажат, нормално е“: Харис Џиновиќ за преселбата на Ѓина во Барселона и неговиот зет

Еспресо

(Фото) Дечкото на Тања Савиќ го прослави 30. роденден: Муки направи фешта, а „падна“ и бакнеж

Еспресо

(Фото) Се бакнуваат, таа стави и сино срце: Љубовната објава на Милица Тодоровиќ ги воодушеви луѓето!

Еспресо

Душко Тошиќ постојано ја посетува оваа пејачка! Таа ги откри деталите: „Воопшто не ме изненади што тие…“

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Органодарителството е чин на највисока солидарност

Еспресо

Објавен дел од исповедта на Цеца во филмот за Саша Поповиќ: „Тоа што го кажа нема цена“

Е.А.
Се вчитува....