14:11 - 3 април, 2026

(Фото) Нина Бадриќ облече венчаница, се омажи? „Во љубовта нема простор за калкулации“

Пејачката Нина Бадриќ ги изненади своите фанови со најновите објави на Инстаграм.

Имено, хрватската пејачка сподели неколку фотографии во венчаница, предизвикувајќи кај своите фанови сомнеж дека таа го кажала судбоносното „да“, веројатно на тајна церемонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Прво објави фотографија со пријателка со емотивни зборови:

„Кој ќе најде пријател на Земјата, нашол богатство. Намести си го срцето да чука“, напиша Нина и ја „тагна“ својата пријателка.

Наскоро таа објави и фотографија на која е во бел фустан со цвеќиња во рацете.

Пејачката минатата година го прослави јубилејниот 50-ти роденден, а потоа проговори за својот емотивен статус.

„Не поднесувам клевети, лаги, игри и трикови кога е љубовта во прашање. Вистината, каква и да е, повеќе ја ценам од секоја лага завиткана во најубав целофан. Во љубовта треба да бидете искрени. Навистина тука нема простор за калкулација. За жал, многу луѓе калкулираат и во тој процес ги губат луѓето што ги сакаат“, изјави таа своевремено за српски „Блиц“.

 

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....