7.8 C
Скопје
23:45 - 30 март, 2026

(Фото) Никогаш позгодна: Мараја Кери ја покажа својата топ форма на 53 години! „Изгледаш 20 години помладо“

Мараја Кери (53) се уште е убава жена. Тоа го докажува последната фотосесија во која учествувала, а на која изгледа како триесетгодишна девојка!

Мараја Кери е една од најпознатите и најсаканите пејачки во светот. Родена на 27 март 1969 година во Хантингтон, државата Њујорк, таа го имаше своето деби во раните 90-ти со синглот Vision of Love. Уште од раните години, американската пејачка се истакнува по својот апсолутно необичен глас. Всушност, гласовниот опсег на Мараја Кери е меѓу највисоките во светот: се чини дека достигнува дури и пет октави.

Во следните години, поп ѕвездата експериментираше со бројни музички жанрови: од r’n’b до соул, од хип хоп до фанки. Дури и божиќна музика, со сега веќе легендарниот албум Merry Christmas. Дискот, објавен во 1994 година, ја содржи веројатно најпознатата песна на уметнцата, која се слуша секоја година како што се приближува Божиќ. Очигледно зборуваме за All I want for Christmas is you: песната, напишана од самата Кери заедно со Валтер Афанасиеф, е продадена во милиони и милиони примероци од нејзиното објавување и постигна неверојатен успех.

И токму поради успехот на песната и близината на Божиќ, уредниците од списанието W, ја ангажираа Мараја за насловната страница.

Фотосесијата таа ја сподели вчера на Инстаграм, а фановите останаа воодушевени на нејзиниот неверојатен иглед. Пејаќката која се уште е во одлична форма, доби комплименти од илјадници обожаватели. „Изгледа оваа фотографија е од 2013 година! коментира еден корисник, додека друг изјавува дека пејачката изгледа уште помладо. „Изгледа дека е од 2000-тите!“.

А ние можеме само да се согласиме. Мараја Кери сè уште е прекрасна жена.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....