2.9 C
Скопје
03:32 - 15 март, 2026

(Фото) Ника Тошиќ го отстрани Душко од социјалните мрежи: „Децата се секогаш на вистинската страна“

По инцидентот што се случи вчера во семејната вила помеѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, нивната помала ќерка Ника синоќа блесна на матурската вечер.

принтскрин инстаграм

Имено, во пресрет на прославата на Ника, драмата на нејзините родители беше главна тема на медиумите, но и на социјалните мрежи, бидејќи многумина се интересираа што се случувало во нивниот дом во Сењак доцна навечер кога Душко наводно ги нападнал Јелена и нејзиниот пријател, барајќи од пријателот да го напушти домот.

Меѓутоа, тоа што повеќе корисници на Инстаграм забележаа е тоа што Ника го отстранила татка си од социјалната мрежа веднаш по инцидентот.

„Ника го отстрани Душко од Инстаграм и тоа е единствениот одговор на прашањето кој денес го имате за ситуацијата Карлеуша – Тошиќ. Децата најдобро ја резонираат ситуацијата и секогаш се на вистинската страна. Жал ми е што ова го споделувам, но вистината мора да се знае“, објави една корисничка на твитер.

принтскрин

Тошиќ пак, без разлика на тој факт, гордо ги објави фотографиите од ќерка си како е дотерана за матурската, додека Ника на својот профил ги сподели само емотивните зборови на својата мајка Јелена.

„Те сака мама, ангелу мој! Уживај на малата матура со своите другари и честитам на најдобрите оценки и најдобриот успех! На мама поголема среќа не ѝ треба“, напиша Јелена.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....