7.8 C
Скопје
10:35 - 1 април, 2026

(Фото) Насилството мора да запре! – полицајци за ред и мир во автобусите на ЈСП

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски попладнево се вклучи во полициската патрола во автобус на Јавното сообраќајно петпријатие Скопје, откако минатата недела во неколку инциденти во автобусите на ЈСП имало повредени ученици.

„Попладнево лично имав можност заедно со преставници на полициската станица од општа надлежност Гази Баба да патувам со автобусот на ЈСП Скопје со број 65 од Автокоманда до Стајковци. Се сретнав со средношколци но и граѓани со кои разговаравме по однос на немилите настани кои минатата недела се случуваа во овој автобус и мојата порака до сите беше: насилството мора да запре!“, порача градоначалникот.

Претходно градоначалникот на Фејсбук информираше дека неколку дена по ред се случуваат инциденти во автобусите на ЈСП во кои биле повредени деца од Општина Гази Баба.

Полициски патроли ќе има во автобусите, додаде Стефковски, се до целосно надминување на ваквите проблеми.

„Моето лично учество во денешната патрола е со цел уште еднаш јасно да ја потврдам мојата решителност како градоначалник на општина Гази Баба за тоа дека вакви настани во иднина нема да дозволиме да се случат! Секоја институција ќе ги исполнува своите надлежности и само тогаш системот целосно ќе функционира“, вели Стефковски.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....