21:43 - 4 април, 2026

(Фото) Нападната Јелена Карлеуша: По гласањето доживеа страшна непријатност, ова се деталите

Јелена Карлеуша ја исполни својата граѓанска должност вчера околу пладне, се појавила на своето избирачко место, во Савски венец.

Популарната пејачка за оваа прилика се дотера во црно од глава до пети – во црни тесни панталони, мини фустан со цвет на градите, црни чизми над коленици и црн шешир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Карлеуша на новинарте кои се собраа околу неа им рече дека координаторите на избирачкото место ја нападнале.

– Ја извршив мојата граѓанска должност. Издржав навреди од координаторот. Претпоставувам дека тоа е цената кога си јавна личност. Стоев во ред, не знам што направив за да го заслужам ова… Наместо да се бавеа со тоа да направат малку ред за да не стоиме во гужва, тие се бавеа со тоа да ме навредуваат мене. Немав никаков коментар – откри пејачката, а истакна зошто е важно да се гласа:

– Апсолутно е важно да се гласа, за иднината на оваа земја и за моите деца, а вие знаете за кого гласав – им рекла Јелена на новинарите, како што пренесуваат српските медиуми.

Подоцна, на социјалните мрежи објасни што точно се случувало на гласачкото место.

„Иако на координаторите на самото гласачко место им пречеше метежот и големиот број новинари кои грубо ги бркаа и ги спречуваа да си ја вршат својата работа, а мене на потсмев ме нарекоа „примадоната која пристигна“, се беше ок. Фала на граѓаните кои се обидоа да ме „повлечат“ преку ред, јас тоа никогаш не сум го правела и нема да го направам. Фала на сите за убавите зборови и пружената рака на гласањето, особено на постарите госпоѓи кои ги фасцинираше мојот шешир и што имам, како што велат “два метра, многу поубаво изгледам во живо и убаво сум воспитана“, зашто ги пуштам пред мене“, напиша Јелена на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....