8.8 C
Скопје
12:03 - 1 април, 2026

(Фото) Најслатката слика на Пере од „Нокаут“ со ќерката Софиа, има посебен повод за неа

Никола Перевски-Пере од групата „Нокаут“ сподели емотивна објава за својата ќерка Софи со посебен повод.
„Софиа, пет години љубов, радост и чудо. Среќен роденден, малечка“, напиша музичарот до фотографијата со својата ќерка која се роди за време на пандемијата. Инаку, Пере има четири ќерки.
Фото / Инстаграм
Највозрасна е Михаела која неодамна дипломираше и е позната музичарка со свои авторски песни. Таа пее придружни вокали со „Нокаут“. Каја е средношколка, а најмалата ќерка на Пере се вика Ирис и има две години. Родена е во јуни во 2023 година.
Пред пет месеци, музичарот имаше повод за славење. Тогаш неговата ќерка Миа (Михаела), која ја  дипломираше. Таа официјално е дипломиран аудио инженер.

Дипломираше. Не ја учев да биде тивка. Ја гледав со слушалки на глава и со срце што пулсираше во ритам. Не од ова време, не од овој шум. Денес е дипломиран аудио инженер на University of Audiovisual Arts – ESRA.

„Скопје-Париз-Њујорк. Од соништа до диплома. Таа не го слуша светот, таа го снима. Моја ќерка,
мојот најдобар звук“, напиша Пере тогаш.

Пере со сопругата Јована и со ќерките Фото / Инстаграм

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....