11:06 - 2 април, 2026

(Фото) Најконтроверзен пост на Џорџина Родригез: „Сега не можат да кажат дека богатите жени не работат“

Сè што прави Џорџина Родригез се коментира, добро или лошо. Партнерката на Кристијано Роналдо е секогаш во центарот на медиумското внимание. Тоа не се смени и покрај тоа што таа замина да живее во Саудиска Арабија каде што игра Португалецот. Тоа беше радикална промена за неа и за нејзиното семејство, но се чини дека малку по малку се прилагодува, како што покажува на своите профили на социјалните мрежи.

На Инстаграм инфлуенсерката има 47 милиони следбеници и нејзините објави се многу коментирани. Во една од последните што ги прикачи на своите „стори“, изгледа како да им прати порака на сите што ја критикуваат. На сите им ги покажува проектите на кои е посветена, како на пример да биде амбасадор на неколку брендови за облека и накит. Работи и како модел.

Многу корисници на социјалните мрежи тврдат дека таа се што има му должи на Кристијано. Овие коментари не ѝ се допаѓаат на Џорџина и затоа сакала да испрати порака до сите оние кои така мислат за неа.

А во својата најнова „приказна“ прикачила фотографија на која се шета со чанта и кафе во рака, за да изгледа како да е во среде работен ден.

Оваа фотографија ја придружува со текстот: „Уште еден прекрасен ден на работа, за подоцна да не можат да кажат дека богатите жени не работат“.

Секако, оваа порака предизвика многу контроверзии на Инстаграм, каде што некои ја поддржаа Аргентинката, додека други повторно се позиционираа против неа.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо
Се вчитува....