5.8 C
Скопје
00:41 - 1 април, 2026

(Фото) Најбизарниот пар -Меган Фокс и Машин Ган Кели се смирија: Заедно го прославиле Денот на вљубените на гости кај брачен психолог

Изгледа дека на бизарната врска на Меган Фокс (36) и Машин Ган Кели (32) не и дојде крајот, а доказ се нивните најновите фотографии.

Всушност, актерката и раперот беа фотографирани заедно овој вторник на Денот на вљубените во автомобилот на Машин Ган Кели додека го напуштаа неговиот дом во населбата Енсино во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SUN FM (@sunfm)

Додека Меган едвај се гледаше на совозачкото седиште и гледаше надолу, Кели можеше да се види како вози, го држи мобилниот телефон и зборува на него.

Како што пишуваат американските медиуми, парот се обидува да си ги реши проблемите и биле видени како излегуваат од канцеларијата на советникот за бракови/врски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox candids (@meganfox.candids)

Инаку, откако се прошири веста за раскинувањето на свршувачката, Меган ги загрижи своите обожаватели споделувајќи селфи на кое можеме да видиме дека зад неа стои плакат кој претставува апел за помош на жртвите на семејно насилство. Многумина тоа го протолкуваа како повик за помош од актерката и суптилна порака дека била злоставувана во врската, но таа не даде коментар за тоа. Потоа го избриша нејзиниот Инстаграм профил.

Наводно, раперот ја изневерил актерката и поради тоа дошло до кавга.

Двојката почна да се забавува на почетокот на 2020 година, а се верија во јануари 2022 година. Од самиот почеток тие привлекуваа големо внимание со своето ексцентрично однесување.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....