21:52 - 24 февруари, 2026

(Фото) На Дарко Лазиќ сопругата му седи во скут додека вози: Нивната фотографија предизвика хаос на интернет

Српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ имаше неколку сообраќајни несреќи, а во септември оваа година тој и неговата сопруга Катарина имале сообраќајна несреќа и во Белград, кога се враќале од прослава.

Поради разни сообраќајни прекршоци, Дарко често е мета на шеги на социјалните мрежи, па неговите изјави за сообраќајот секогаш се вирални, а и самиот тој често се шегува на оваа тема.

Така, секоја негова објава што има врска со возењето привлекува големо внимание на социјалните мрежи, а сега ги изненади сите со фотографија на Инстаграм.

Имено, Лазиќ објавил фоотограгфија на која неговата сопруга Катарина седи во неговиот скут додека се гледа вклучен автомобил, а многумина се прашувале дали автомобилот се движел во овој момент.

Лазиќ неодамна открил и дека ја снимил реклама поради честите сообраќајни несреќи.

– Сообраќајна несреќа е грда работа што се случи. Секако дека не е добро, одиме понатаму, живи само, здрави само. Снимив реклама за автоделови. „Навистина мислиш дека некој има толку делови колку што јас можам да искршам“, рекол Дарко.

Инаку, Дарко признал дека консумирал алкохол кога доживеал сообраќјна несреќа во септември.

– Нема да кажам дека не сум пиел, пиев, но на видеото сипав енергетски пијалак за да ја видам реакцијата на Катарина, да се пошегувам со неа. Подоцна испив неколку пијалаци, не можам да кажам дека не сум пиел. Чекам да го видам лекарскиот наод, мислам и стојам зад фактот дека е 1,90 и нешто, тоа се две шишиња, тоа е невозможно. Не испив толку многу, испив неколку пијалаци – рекол Дарко.

Слични објави

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо
Се вчитува....