23:55 - 30 јануари, 2026

(Фото) На 66 години „авионка“: Шерон Стоун ги изненади обожавателите со топлес поз

Познатата американска актерка Шерон Стоун ги изненади своите многубројни фанови на Инстаграм појавувајќи се топлес за да го демонстрира своето хоби, од кое добро заработува во последните години.

Холивудската икона објави жестока снимка од себе облечена само во сини долни бикини додека слика. Според Шерон, таа била толку обземена од уметничката инспирација што требала да излезе од базенот и веднаш да почне да слика.

„Понекогаш само треба да се префрлам од базенот на сликата“, напиша актерката номинирана за Оскар.

Стоун ја изложуваше својата работа и порано и е успешен уметник, но обожавателите беа повеќе импресионирани од нејзината фигура која им пркоси на возраста.

“Кога бев млада девојка и го гледав „Основен инстинкт“, мислев дека си една од најубавите жени што некогаш постоеле! Сепак иста си по сите овие години! Апсолутно легендарна!” – коментираше еден фан.

 

„Шерон Стоун може да прави што сака!“ додаде дрѕг обожавател, додека трет напиша: „Едвај чекам ова да ми стане секојдневие. Ви благодарам што ми сте голема инспирација“. Многу од другите обожаватели на ѕвездата ја пофалија нејзината самодоверба поради искрената фотографија. „Имам 32 години, а ти изгледаш многу подобро од мене“, се пошегува една жена, додека друга забележала: „Овие слики се одлични, но ти си нешто посебно, по ѓаволите!“

„Ја доживеав смртта, а потоа ме вратија назад“: Шерон Стоун отворно за новата „реинкарнација“ по тешкиот мозочен удар

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....