6.8 C
Скопје
08:45 - 1 април, 2026

(Фото) Моника Белучи како Анита Екберг, девојката од фонтаната Треви во модерно издание

Моника Белучи позираше за насловната страница на Мадам Фигаро со сини очи и руса коса: се трансформираше во Анита Екберг, која ја игра во филмот „Девојката во фонтаната“.

И покрај тоа што е икона на медитеранската убавина, Моника Белучи има одредена наклонетост кон русокосите, особено кон една. Тоа го призна во интервјута за Мадам Фигаро, каде позираше во издание ала Екберг.

Пред неколку дена Моника Белучи доби награда во Монте Карло. Таа беше почесен гостин на гала вечерта посветена на Марија Калас и ја доби наградата за најдобар женски уметник, за театарската претстава во која ја глуми Калас. Тоа не е единствената истакната улога што ја одигра неодамна: минатата година се стави во кожата на многу позната актерка која со својот голем талент и нејзината убавина што го одзема здивот влезе во историјата на светската кинематографија -Анита Екберг.

“Марчело, дојди овде. Побрзај!” вреска убавата русокоса која веќе влезе во фонтаната Треви и која го поттикнува мажот кој восхитено ја гледа и сака да ѝ се придружи. Тоа е една од најпознатите сцени во кинематографијата на сите времиња: онаа во која глумат Марчело Мастројани и Анита Екберг во филмот „Долче вита“ на Федерико Фелини. Таа улога ја направи актерката среќна и славна, но во извесна смисла и засекогаш ја зароби во кафез во улогата на убавата жена, улога од која никогаш не успеа да се ослободи. Затоа што тоа беше имиџот што јавноста го посакуваше од неа – тој, како девојката во фонтаната. Антонио Паници пак, ѝ ја довери на Моника Белучи токму приказната за сложеноста на душата на Екберг, дива од една страна, и жена желна за нормалност од друга страна.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....