Пејачот Дарко Илиевски од САД сподели емотивен спомен на неговата мајка која почина во декември минатата година.
„Среќен роденден мама, многу ми недостасуваш“, напиша пејачот на неговата инстаграм-приказна.

При крајот на 2025 година, македонскиот пејач кој неколку години живее на Флорида откри дека ја загубил најважната личност и најголемата љубов во својот живот, неговата мајка. Пејачот скршен од болка, со трогателна објава на социјалните мрежи се прости со неа.
„Драги пријатели, со голема болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми… болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамо, те сакам најмногу! Чувајте се со тато. Доколу сè уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате…еден ден ќе немате можност да го направите тоа!“, напиша Дарко тогаш.
Само неколку месеци пред тоа, во август, почина неговиот татко.
