Миа Костова повторно го привлече вниманието на јавноста со својата директност и искрен пристап на социјалните мрежи, овојпат одговоарајќи на жена дали да излезе со оженет маж.
Најновата објава, споделена преку „прашај ме“ формат, открива чувствителна тема. Една следбеничка анонимно признала дека се наоѓа во врска со оженет маж, опишувајќи ја ситуацијата како „дупка без дно“ од која не може сама да излезе. Таа побарала помош и совет.
„Врска со оженет маж. Дупка без дно. Само ти можеш да ми помогнеш да излезам“, напишала таа. Миа одговори со едноставен, но моќен совет: „Излези.“

Ова не е првпат инфлуенсерката да отвори вакви теми. Нејзините објави често се дискусии за љубовта, и секојдневниот живот.
