01:34 - 2 април, 2026

(Фото) Метју Пери избрал актер да го глуми во биографскиот филм: Чувствуваше ли дека нешто ќе се случи?

Трагичното заминување на Метју Пери го растажи светот, а во меѓувреме, пријателката Атина Крозби, која била со него еден ден пред неговата смрт, вели дека Метју избрал актер за да го игра во филм за него и неговата борба со зависноста.

Атина Крозби беше добра пријателка со Метју и таа неодамна беше интервјуирана од Е.Т., тврдејќи дека тој со нетрпение очекува активно да се вклучи во социјалниот и глумечкиот живот, па дури и сакал да биде вклучен во филмски проект за неговиот живот. Имено, сакал Зак Ефрон да го глуми него во биографскиот филм.

„Тој рече дека сака да сними филм за неговиот живот, и дека работел со Зак Ефрон во минатото на филм. Рече дека сака Зак Ефрон да го игра како помлада верзија [на себе] и дека наскоро ќе заборува со него за тоа. Метју со нетрпение очекуваше да сподели што повеќе за својата животна  приказна и неговото закрепнување од зависност и навистина се залагаше со својата приказна да им помогне на што повеќе луѓе, па затоа беше оптимист и среќен за се што сакаше да направи“ – вели Крозби. .

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....