01:26 - 3 април, 2026

(Фото) Меган Маркл повторно шокира: Ова е нејзиното „кралско“ писмо што предизвика врева и критики

Меган Маркл повторно се најде во центарот на вниманието.Војвотката од Сасекс овојпат беше обвинета дека е лицемерна откако на социјалните мрежи се појави нејзиното писмо кое го напишала на хартија со испечатен кралски монограм.

Авторката Алисон Јароу од Њујорк го објави писмото на Инстаграм за да ѝ се заблагодари на Меган за придонесот во нејзиниот подкаст „Архетипови“.

И ништо не би било спорно доколку Маркл не продолжила да го користи познатиот златен монограм кој е еден од симболите на британското кралско семејство, иако тврдеше дека не сака апсолутно да има никаква врска со кралскиот начин на живот.

Кралскиот монограм на Меган со круна и буквата М на врвот беше направен пред нејзината венчавка со принцот Хари во 2018 година, но секако требаше да заборави на него откако си замина од Британија и од кралското семејство.

Следбениците на социјалната мрежа се прашуваат зошто на хартијата на Меган има монограм со круна, оставајќи лавина негативни коментари.

„Таа е принцезата Пинокио“, „Не разбирам зошто го прави ова?“, „Маркл е најголемата лицемерна личност и самопрогласена жртва што некогаш сум ја видел. Круна над нејзиното име“, „Жената може да прави што сака, и јас понекогаш носам невидлива круна на главата, никој не ја гледа, освен јас,… и уживам во животот!.. се само дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allison Yarrow (@aliyarrow)

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....