15.8 C
Скопје
16:16 - 4 март, 2026

(Фото) Меган Фокс се врати на Инстаграм и ги запали мрежите: Во најминијатурна танга позираше пред милиони следбеници

Холивудската актерка Меган Фокс (39) повторно се активираше на Инстаграм по подолга пауза, споделувајќи серија фотографии во едно од своите најсмели изданија досега.

На фотографиите таа позира во црн краток топ што го открива стомакот, комбиниран со исклучително минијатурна танга. Нејзиниот поранешен свршеник, 35-годишниот музичар Машин Ган Кели, не пропушти да остави коментар под објавата.

Фото: Инстаграм/Меган Фокс

Актерката, позната по улогата во филмот „Телото на Џенифер“ (Jennifer’s Body), изгледот го заокружила со чорапи до бутовите со подвески и црни високи потпетици, чии ѓонови се украсени со зелени листови од марихуана.

„Жива сум, штотуку објавив нови фотографии. Сè е поубаво затоа што сме осудени на пропаст“, напиша Фокс во описот на објавата.

Фото: Инстаграм/Меган Фокс

Ова е нејзиното прво појавување на Инстаграм откако се повлече од јавноста по раѓањето на своето четврто дете – ќерката Сејџ Блејд Фокс-Бејкер, која се роди минатиот март. Таткото на девојчето, Машин Ган Кели, чиe вистинско име е Колсон Бејкер, кратко искоментира: „Воодушевен сум што го имам твојот телефонски број“.

Објавата на актерката брзо привлече големо внимание на социјалната мрежа и за само два часа собра околу еден милион „лајкови“ од нејзините 20 милиони следбеници.

Според извори блиски до поранешната двојка, иако се разделиле на крајот од минатата година, двајцата сега се посветени на заедничкото родителство. Наводно раскинале во ноември 2024 година, откако Фокс открила дека музичарот разменувал пораки со други жени додека таа била бремена.

Сепак, инсајдери тврдат дека во последните месеци повторно се зближиле благодарение на грижата за нивната ќерка.

„Меган е многу задоволна од начинот на кој се однесува кон неа и кон бебето. Иако живеат одвоено, поминуваат многу време заедно како семејство. Бебето им е на прво место и токму тоа ги зближи. Работите сега се одлични. Тој е неверојатен со бебето, а таа навистина ужива да поминува време со него“, изјавил извор за „Пипл“.

Слични објави

Зорица Брунцлик итно оперирана! Познато е во каква состојба е пејачката

Еспресо

Нада Топчагиќ искрено за стравот од смртта: „Се плашам дека јас ќе бидам следна!“

Еспресо

Додека трае кризата во Дубаи, синот на Трамп ја заследи српската инфлуенсерка Сара Дамјановиќ

Еспресо

Цело богатство на една слика: Музичарот Папаз со четирите деца и со сопругата

apostolova

(Фото) Зуица во опуштено издание со ќерка си Македонка во овој убав град

Еспресо

„Месечината ќе те чува како мајка“: Тамара со срцепарателна објава за Панчо

Еспресо
Се вчитува....