20:58 - 30 јануари, 2026

(Фото) Мараја Кери објави нов спот за божиќниот хит: Падна од тронот, но сè уште е кралица на Божиќ

Мараја Кери го објави новиот спот за нејзината најпозната божиќна песна All I Want for Christmas Is You. Таа песна е објавена далечната 1994 година, но секоја година за време на празничната сезона се пушта на радио станиците.

Пејачката сега објави ново видео на Јутјуб во кое се прикажани делови од нејзината турнеја Merry Christmas One and All, која започна на 15 ноември 2023 година во Калифорнија.

Во еден момент од видеото, пејачката става лента на себе на која пишува Божиќна кралица. За време на еден од бројните концерти, на сцената ѝ се придружија 12-годишните близнаци Марокан и Монро, кои ги има со нејзиниот поранешен сопруг Ник Кенон.

Видеото има повеќе од 170 илјади прегледи за помалку од еден ден.

Инаку, видеото излезе само два дена откако Билборд објави дека овој декември, за прв пат по повеќе години, Мараја не е број еден на нивната листа Хот 100. 78-годишната Бренда Ли го зазеде тронот со песната Rockin’ Around The Christmas Tree од 1958 година. Мараја е на второто место.

Слични објави

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо
Се вчитува....