03:20 - 11 април, 2026

(Фото) „Мамо, тргни ја фотографијата“: Дани откри каков однос има со синот

Дани Димитровска вели дека од нејзиниот син Лазар добива критики и треба да побара дозвола и одобрување за одредени нешта.

– Секогаш за сѐ, што и да одлучи дека сака да направи, јас никогаш нема да кажам дека тоа не треба и не смее – рече Дани во едно гостување на ТВ „Сител“ и одговори на прашањето дали Лазар коментира за нејзината јавна работа, за она што го сработила и за нејзиниот стил во јавноста.

– Секогаш коментира, добро, сепак е возрасен, но тој ми е некој вид на гласот на младоста, од генерацијата која сега влегува во овој возрасен свет. Коментира речиси секогаш, особено на Инстаграм знае во инбокс да ми напише: „Мамо, тргни ја сликава!“

Има нешто што не му се допаѓа. Знае да даде и комплименти, меѓутоа, мислам дека се грижи, и е тука да даде некое свое мислење, иако не сум го прашала за истото. Другарски ни е односот – рече Дани.

Фото / Инстаграм

Пејачката сега замина кај синот во Холандија и објави специјална инстаграм-приказна со него. Лазар неколку години живее во Холаднија каде што студираше.

Дани во септември се омажи за својот партнер Горан Веселиновски-Весел, а синот беше еден од највеслите на свадбата.

 

 

 

 

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....