04:32 - 27 ноември, 2026

(Фото) Македонска кралица на убавината: Мија Стерјовска триумфираше на изборот Кралица на Евроазија 2022

Викендов во Истанбул, Турција се одржа изборот за убавина Кралица на Евроазија 2022. Нашата претставничка Мија Стерјовска, 18 години, од Скопје ја освои титулата Кралица на убавината (Queen of Beauty), како најубава од сите 30 кандидатки од исто толку држави од Евроазија.

„Освен Мија, уште една членка на Модното студио Црнокрак успеа да освои титула, итоа главната, победничка на изборот. Тоа е нашиот интернационален модел, Доти Полгар од Будимпешта, Унгарија, со која соработуваме речиси 8 години. Со тоа го продолживме успешниот низ на освоени интернационални титули, дури 15 кои само оваа година ги освоивме со девојките и момците од Модното студио Црнокрак. Но не застануваме тука, до крајот на годинава следат уште неколку избори ширум целиот свет”, вели Мики Црнокрак директно од Истанбул веднаш по финалето.

Инаку, изборот Кралица на Евроазија се одржа во Маскарада, еден од најдобрите клубови во Истанбул и цела Турција.

Нашата Мија на финалето се претстави во прекрасни модели од познатиот бренд ЛАМАС.

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....