17.8 C
Скопје
11:45 - 26 март, 2026

(Фото) Мајтапи на сметка на Гвинет Палтроу со ретро изглед на суд: Ја споредуваат со серискиот убиец Џефри Дамер

Гвинет Палтроу и Џефри Дамер звучат како имиња кои никој не би ги спомнал во иста реченица. Сепак, и тоа се случи.

Гвинет се појави на суд зашто е обвинета од пензионерот Тери Сандерсон дека „се судрила“ во него додека скијала во Deer Valley Resort. Инцидентот завршил критично за Тери Сандерсон, кој бил хоспитализиран поради скршени ребра.

Гвинет на нејзиното судење за скијачката несреќа која се случила во 2016-та година, се појави носејќи големи авијатичарски наочари. Тоа „упадна во очите“ на многу луѓе, особено на корисниците на социјалните мрежи кои подоцна ја споредија со серискиот убиец Џефри Дамер.

Како што знаеме, Џефри Дамер е сериски убиец од Милваки, Висконсон. Тој низ својот живот има убиено 17 млади луѓе. Неговиот „монструозен“ период траел од 1978 до 1991 година.

Не помина многу време откако социјалните мрежи почнаа да „зујат“ со секакви теории, слики и споредувања на Гвинет и Џефри.

Инаку, јавноста ја критикува Гвинет за нејзината постапка по „сударот“ на скијањето, бидејќи таа продолжила да скија без да увиди дека го повредила Тери Сандерсон.

Што ќе одлучи судот, останува да видиме.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ за внуката Марта: „Сè ме потсетува на Сале, секој ден си го спомнуваме“

Еспресо

(Фото) Убав повод за забава во семејството на Огнен Здравковски

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Еспресо

Хороскоп за 26 март: Вагите носат важна одлука, Раковите се ослободуваат од емоционален товар

Еспресо
Се вчитува....