04:48 - 12 март, 2026

(Фото) Мадона ги преплаши фановите со новиот изглед: Затегнато лице и преслаби раце

Пејачката Мадона ги преплаши обожавателите со своите преслаби раце кога се појави на модната недела во Њујорк, известуваат странските медиуми. Рацете ѝ беа скриени со долги ракавици.

66-годишната Мадона за ревијата избра беж фустан со јакна со влошки за нагласени раменици. Изгледот беше комплетиран со кожени чизми и два пара очила. Сепак, вниманието на фановите го привлекоа рацете на пејачката. Според нивното мислење, тие се премногу слаби и наборани.

„Хорор“, „Се осакатила“, „Зошто така слабеете?!“, „Дали почна да пиеш Оземпик?“ – напишаа фановите на пејачката.

Од друга страна пак, пејачката имаше суперзатегнато лице на кое се гледаат интервениции.

Со оглед на тоа што пејачката носеше екстремно високи потпетици, едвај се движела, па за малку избегнала да падне.

На крајот на август, Мадона беше забележана со нејзиниот 28-годишен љубовник Аким Морис во Лондон. Папараците ги фатија пејачката и нејзиното момче, кој според годините може да ѝ биде син,  во близина на музичко студио. Поп пејачката носеше црн мини фустан, мрежести хулахопки,  чизми и очила за сонце.

Мадона беше во брак двапати. Првиот сопруг на пејачката беше актерот Шон Пен. По втор пат се омажи за режисерот Гај Ричи, со кој го роди синот Роко. Пејачката ја има и ќерката Лурд со личниот фитнес тренер Карлос Леон, како и четирите посвоени деца: Дејвид, Мерси, Стела и Естер.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....