19.8 C
Скопје
14:20 - 12 март, 2026

(Фото) Мадалина Генеа ги „збудале“ сите во Кан, која е глумицата која ги заведе најголемите имиња од фудбалот и Холивуд?

Глумицата и манекенка Мадалина Генеа синоќа го освои црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, оставајќи бројни воздишки зад себе. Но каја е Мадалина?

Кога била мала, самата своевремено рече, сите ја задевале споредувајќи го нејзиното тело со она на Олива од „Попај“. Манекенката и актерка, стана позната пред се во Италија, благодарение на учеството на фестивалот Санремо во 2016 година.

Родена на 8 август 1987 година во знакот на Лав, во Слатина, Романија, Мадалина Дијана Генеа од детството е страсна за танцот и музиката, а потоа учи пијано цели 7 години. На само 15 години таа ја започнала својата кариера во светот на модата освојувајќи ги миланските модни писти.

Пресвртот дојде кога таа беше избрана како лице за телевизиска реклама на позна телефонска компанија каде позира со суперзгодниот манекен од светски глас Раул Бова. Набргу потоа, таа е ѕвезда во спотот на ѕвездата Ерос Рамацоти за песната „Ил темпо тра ди нои“, за набргу потоа да блесне во Календарот Перони. Тоа ѝ ги отвора птиштата во толку посакуваната насока – филмот. Како глумица се појавува во неколку италијански филмови.

Покрај кариерата и неверојатната убавина, Мадалина честопати беше во жолтиот печат поради нејзините флертувања и нејзиниот приватен живот. Убавата актерка беше свршена околу една година со фудбалерот Кевин Принс Боатенг. Подоцна таа беше во романтична врска со две холивудски ѕвезди: Џерард Батлер и Мајкл Фасбендер. За кратко време, потоа, таа стане блиска пријателка, а веројатно и многу повеќе од пријателка, со дизајнерот Филип Плејн.

Од 2016 година, момче на Мадалина Генеа е Матеи Стратан, романски бизнисмен со кој таа доби ќерка во 2017 година. Нивната приказна, сепак, заврши во март 2019 година.

Во декември 2020 година, се огласи веста за наводна афера со фудбалерот на Рома, Николо Ѕаниоло, 12 години помлад од неа. Врската заврши во центарот на вниманието, но неколку дена подоцна актерката категорично негираше, потпирајќи се и на своите адвокати за заштита на нејзиниот имиџ.

Слични објави

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin
Се вчитува....