Победничката на реалното шоу „Задруга 2“ и јутјуберката Луна Ѓогани се врати од одмор на Малдивите, каде што со сопругот Марко Миљковиќ извесно време биле заглавени поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
По враќањето, Луна на социјалните мрежи сподели фотографии од патувањето, на кои позира во провокативно издание што веднаш предизвика бројни реакции од следбениците.
„Ајде да ги објавиме сите фотографии од Малдиви, ги чував и сега ќе биде хаос“, напиша таа во описот на објавата.

На фотографиите таа позира со голи нозе и длабоко деколте кај градите, а во еден момент ја подига лесната летна сукња што ја носи. Воедно го покажа и својот исончан тен, а следбениците веднаш забележаа дека изгледа одлично.
Инаку, иако одморот на егзотичната дестинација требало да биде безгрижен, ситуацијата се променила кога дознале за нападите во регионот, поради што се појавиле проблеми со враќањето дома.
Марко Миљковиќ откри дека во моментот кога слушнале за првите бомби, нивниот одмор практично завршил.
„Кога паднаа тие бомби, тогаш сфативме дека ситуацијата е сериозна, особено затоа што нашите летови минуваат низ тој регион. Иако бевме на Малдиви, веќе не можевме да се опуштиме“, изјави тој.
Тој додаде дека решение пронашле дури кога успеале да организираат лет преку Кина, по што малку се смириле, но вистинското олеснување ќе го почувствуваат дури кога ќе се вратат дома кај своите деца. Марко откри и дека за авионските билети морале да издвојат голема сума пари.
